Дванаесет студенти од УГД заминуваат на Еразмус размена

Дванаесет студенти од Факултетот за информатика, Факултетот за медицински науки, Електротехничкиот факултет, Филолошкиот факултет и Правниот факултет ќе бидат дел од Еразмус плус размената на некои универзитети во Европа. УГД и овој семестар им овозможува на студентите едно поинакво едукативно опкружување и можност да го искусат образованието во европските универзитети.

Студентите кои годинава заминуваат на Еразмус плус размена се исклучително задоволни и мотивирани да поминат дел од своето образование на универзитет во Европа.

Предизвик е мал збор кога говориме за Еразмус плус. Под ова подразбирам можност, сатисфакција, напредок и вложување во образованието. Чест е што програмата постои како таква и нѐ предизвикува нас младите, па и повозрасните амбициозни кадри да се посветат на иднината токму преку надградување на себеси, а тоа најдобро го умееме преку Еразмус плус. Наредниот семестар ќе бидам студент на Универзитетот за наука и технологија (Електротехнички факултет) во Краков, Полска. Запознавањето луѓе од цел свет го зголемува задоволството, затоа што пријателствата се како прочитани книги -  колку повеќе ги имаш, толку попаметен сиизјави Деспина Ристова од Електротехничкиот факултет при УГД

Годинава заминуваат студенти на различни универзитети. Некои од студентите се одлучија за централна и за Западна Европа, а некои во поблиското опкружување.

Еразмус плус размената за мене претставува дополнителна мотивација и предизвик за нови знаења. Затоа одлучив да се пријавам во оваа програма и навистина сум среќна што ќе ја искусам оваа можност. Наредниот семестар моите студии ќе ги продолжам во Словенија при Љубљанскиот универзитет. Престојот во Љубљана не го доживувам само како обврска да ги положам испитите, туку за мене ова е можност за запознавање со нов систем на образование, запознавање на друга култура, друга традиција и нови луѓе. Сето тоа има огромен придонес за надградба на моето знаење во мојата област, а и мојата личност исто така. Најголем бенефит од студирањето во Љубљана се надевам дека ќе добијам при моето вработување како инженер по информатички технологии, како и новите пријателства и спомените од ова искуствоизјави Златка Митревска од Факултетот за информатика при УГД

Координаторот на Центарот за меѓууниверзитетска соработка м-р Сања Стефанова изјави дека  Еразмус плус  е можност која студентите треба да ја искористат максимално што можат.

Програмата Еразмус плус стана клучен дел од организациската структура на сите универзитети во Европа. Можноста да се едуцираш, да стекнеш нови пријателства, да патуваш и да се надградуваш е навистина голема привилегија што ја имаат студентите денес. Токму и интересот за оваа програма е навистина голем и ги охрабрувам студентите да аплицираат кога ќе биде објавен повикот за новите студентски мобилностивели м-р Сања Стефанова

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип наскоро ќе го објави и новиот повик за  Еразмус плус мобилност и во текот на целата година ќе организира различни презентации и едукативни обуки на оваа тема.

Последен пат изменето на Четврток, 04 Февруари 2016 13:29
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…