(Видео) Ова е најинспиративниот асистент на УГД

Според анкета направена од веб порталот fakulteti.mk, асистентот м-р Михајло Петровски од Факултетот за медицински науки е избран за најинспиративниот асистент на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Петровски е секогаш тука за студентите, а велат дека неговите вежби се едни од најинтересните на овој факултет. Ова се дел од коментарите кои студентите ги оставиле за асистентот Петровски:

  • „Нема студент кој не посакува да оди на неговите вежби, еднаква доза на учење и на неврзани муабети. Нема некој кој не може да научи, во секое време е подготвен да одговори на сите наши прашања и потреби“.
  • „Асистент кој нѐ научи најмногу, кој не го крие своето знаење, нема студент кој не би посакал да појде на неговите вежби. Строг, но праведен. Нѐ учи на стоматологија во целост, а не само на неговиот предмет“.
  • „Да се има ваков асистент додека студираш е најголемото богатство, со него имаме научено сè што знаеме за стоматологијата и сме многу благодарни за тоа“.
  • „Ако треба да напишам кој е најинспиративниот наш асистент со сето срце ќе го напишам неговото име. Навидум строг, но и полн со знаење. Асистент со најголемо срце и душа од сите. Посакувам сите да имаат можност да го имаат барем на ден во текот на нивното школување“.

Универзитетското радио и ТВ разговараше со Петровски, се обидовме да дознаеме што го прави посебен и инспиративен. Разговорот проследете го во видеото во продолжение.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…