Tрета студентска филолошка конференција

Tретата студентска филолошка конференција „Како си ми?“ е најавена за 1 април 2017 година, а ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

За да може да учествувате треба да бидете студенти на додипломски студии или да имате дипломирано во последните 12 месеци, и тоа на кој било факултет и универзитет во Македонија. Излагањата може да бидат индивидуални или групни.

Конференцијата ќе се состои од излагања од 10 минути по кои ќе следува дискусија. Темите на излагањата може да бидат од областа на филологијата, т.е. лингвистиката, книжевноста, методиката, преведувањето или толкувањето или што било друго поврзано со нив.

Темите може да бидат и споредбени т.е. контрастивни. Работниот јазик на конференцијата е македонски јазик.

Рокот за пријавување е заклучно со 24.2.2017 г. Испратете ни ваши податоци, тема на излагањето и апстракт (од 150 до 200 збора) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…