-Денес зборувавме за Фулбрајт студент програмата којашто нуди постдипломски студии за сите студенти кои се во завршна година на додипломски студии или кандидати кои се запишани на постдипломски или докторски студии, па сакаат да прават истражување за нивната магистерска или докторска тема. Има долга листа на програми не само за постдипломски студии, туку и за различни специјализирања во САД. Потребна е желба за студирање, за продлабочување на нивните познавања во таа област за која се заинтересирани, добро познавање на англискиот јазик и треба да бидат државјани на Република Македонија. Аплицирањето е онлајн. Конкурсот е објавен на нашата веб-страница, како и на веб-страницата на Министерството за образование, бидејќи ова Министерство секоја година донира 100 000 долари за Фулбрајт програмата и за постдипломски и за постдокторски студии. За професорите и за асистентите е наменета Фулбрајт сколар програма, која нуди постдокторски студии за професорите кои докторирале и сакаат да прават истражување на нивните теми и предавања кои ги реализираат секојдневно за нивните студенти. Ние веќе имаме професори од УГД, проф. д-р Татјана Рушковска од Факултет за медицински науки и проф. д-р Зоран Утковски од Електротехнички факултет. Целта е да ги информираме студентите. Во целата оваа мисија имаме помош и соработка од УГД, како и од Американското катче, каде што презентација ќе има професор Џудит Мек Лафин, која е професор на политички и правни науки на Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот на Југоисточна Европа. Студентите имаат многу можности да се информираат, а сите стипендии што ги нуди Американската амбасада се стопроцентно транспарентни во вистинска смисла на зборот, значи однадвор никој не може да влијае врз одлуката на бордот кому ќе му додели стипендија. Исто така, сите трошоци се покриени – стипендистот кој ќе добие стипендија нема да плаќа ништо од свој џеб, нема потреба да бара средства ниту од родителите, стипендијата ги покрива комплетно сите трошоци изјави Газменд Иљази.