Втората награда ја доби фотографијата на студентот Халид Хоџиќ од Филмската академија при УГД, а третото место му припадна на Горан Србиновски, студент на Музичката академија при УГД.
Тројцата најдобри учесници ќе добијат парични награди:

прво место: 10 000 МКД – Сергеј Смилков

второ место: 6 000 МКД – Халид Хоџиќ

трето место: 4 000 МКД – Горан Србиновски
Конкурсот беше на тема „Мојот универзитет“, а 20-те најдобри фотографии кои пристигнаа на конкурсот ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ на 23 март во 18 часот.

