Млади претприемачи ќе ги споделат своите искуства со студентите на УГД

Како е да се биде млад претприемач е главната идеја на трибината што ја организира Инфо клубот кој функционира во рамките на Кампус 2 на УГД.

Настанот предвидува голем број млади претприемачи кои се успешни на различни полиња и ќе ги споделат своите искуства со помладите колеги студенти. Млади претприемачи кои ќе се презентираат себеси и своите бизнис идеи ќе бидат:

  • Ивана Трендафилова – основач на „Ателје Ивана“ прогласена за најдобар бизнис за 2016 година;
  • Никола Димитров – основач на фирмата „Иноксиус“ – компанија за информатички услуги;
  • Стефанија Дрварова – основач на Фризерски салон „Студио Стефани“;
  • Радица Јованова – основач на Едукативен центар за математика „Нумерус“;
  • Кристијан Панев – проект-менаџер од Невладината организација ФРЛЗ.

На настанот „Млади претприемачи“ можат да присуствуваат сите заинтересирани, сите студенти и млади луѓе кои сакаат да стекнат знаење и искуство за претприемништвото и можностите на младите луѓе.

Настанот ќе се одржи во петок (24.3.2017 г.) во 11 часот во свечената сала во Кампус 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…