- Оваа година сум апсолвент. Во моето досегашно образование стекнав преголемо искуство во формалното и неформалното образование. Се вклучувам во повеќе области истовремено и УГД ми овозможи една добра пракса и добра теорија и ме изгради како личност каква што сакав да станам - изјави Деспина Ристова, една од студентките кои денес ја презентираа својата приказна.
Преку студирањето на УГД голем дел од студентите се здобиле со одлични можности за надградба и пракса.
- Студирајќи на УГД добив и стипендија од Владата на Германија, а посетив и некои од најпрестижните научни конференции во светот. Студентот може да стане успешен независно на кој универзитет студира - изјави Сања Стефановска, поранешна студентка на Факултетот за информатика при УГД.
Студентските приказни се раскажуваа во свечениот амфитеатар на Правниот факултет, а беа во рамките на одбележувањето Десет години УГД.