Студенти на Електоротехнички факултет го посетија изложбениот центар на ХЕЦ „Матка“

Студентите на Електротехнички факултет при УГД, заедно со нивниот ментор ас. м-р Далибор Серафимовски, на 10 мај го посетија новоотворениот музејско-изложбен центар на ХЕЦ „Матка“, изграден и отворен за посета од страна на австриската компанија ЕВН. Ова е првиот изложбен центар за историјата на развојот на производството на електрична енергија во земјава и во регионот, кој е сместен во автентичниот и оригинален простор на старата хидроцентрала „Матка“.

Изложбениот центар ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено преку иновативен мултимедијален пристап експонатите во изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција на студентите. Нашите студенти на Електротехнички факултет се вратија со доза искуство, што е мотивација за останатите студенти во блиска иднина да го посетат едукативниот центар.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…