Студенти на Правниот факултет на натпревар пред Европскиот суд за човекови права

Студенти на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ годинава за прв пат ќе го претставуваат Универзитетот на натпревар за познавање на постапката пред Европски суд за човекови права (ЕСЧП) и познавање и владеење на Европската конвенција за човекови права, која ја има ратификувано и имплементирано и нашата држава.

Станува збор за регионален МООТ COURT натпревар пред ЕСЧП, кој се состои во изведување на симулирано судење на хипотетички случај, со што се дава впечаток за познавање на студентите на Европското процесно право. Овој натпревар, т.н. нордиски модел, особено е популарен во земјите на Нордиската Унија и во земјите на Југоисточна Европа. Студентите заземаат улоги на правни застапници пред Судот во случај во кој се опфатени едно или повеќе прекршувања на човековите права. Еден тим во улога на застапници на страната на апликантите и тим во улога на застапници на државата која е тужена пред судот. Студентите со усни излагања се претставуваат пред угледен судски совет сочинет од судии од регионот, правни стручњаци и судии од ЕСЧП.  Со цел да се квалификуваат на регионалиниот натпревар, студентите мора да победат во FUTURA регионалниот натпревар, во кој ќе учествуваат со тимови од  правни факултети од Република Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Словенија. Годинава овој настан се одржува во Ниш (Србија) од 30 јуни до 2 јули.

Студентите се предводени од менторите: проф. д-р Страшко Стојановски, доцент д-р Дејан Маролов и асистент-докторанд Елена Максимова од Правниот факултет. Во улога на правни застапници на апликантот ќе биде тим сочинет од студентите: Анастазија Коцева, Наташа Донева и Ристе Чанев. Застапници на одбраната на државата која е нападната е тимот сочинет од студентите: Рената Митрева, Мартина Георгиева и Ристе Лазаров.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…