ДААД-стипендијата нуди можности за студентите од Македонија да го изучуваат и усовршуваат германскиот јазик на некој германски универзитет или институт, но и подобро да се запознаат со германската култура. Програмите опфаќаат одреден број на часови, проектни активности, истражувања, но и екскурзии и посета на знаменитости.
Изучувањето на германскиот јазик во матичната земја претставува голема можност, пред сѐ за студентите на Катедрата за германски јазик и книжевност, како и за сите останати студенти кои имаат желба да стекнат поголеми знаења од областа на германскиот јазик и култура. Аплицирањето се врши секоја година во ноември, а само најдобрите студенти од државата ја добиваат стипендијата.