ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ за ЧЕТВРТИ БРОЈ на STUDENT’S SOCIAL SCIENCE JOURNAL

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, го објавува повикот за доставување на трудови за четвртиот број на списанието Student’s Social Science Journal наменет за студентите запишани на прв, втор и трет циклус на студии.

Списанието е од областа на правните, политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи. Во списанието може да се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, српски, хрватски и италијански јазик. Списанието има меѓународен уредувачки одбор и е отворено и за странски студенти. Списанието се објавува два пати годишно, во април и во октомври. Списанието може да се најде на http://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj.
Во овој број на списание ќе има посебна секција посветена на превенција од дискриминација, борба против говор од омраза и криминал од омраза.

Котизација за објавување на трудови изнесува 20 евра во денарска противредност, и трудовите треба да бидат проследени со препорака за објавување од страна на професор од Универзитетот од којшто доаѓа авторот - студент. Студентите кои се запишани на Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип се ослободени од плаќање.

Повикот за доставување на трудови за четвртиот број на Student’s Social Science Journal e до 1 септември 2017. Трудовите треба да се достават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Правилата за изработка на трудовите се составен дел на овој повик.

За дополнителни информации обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Правен факултет,

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

 

call for papers SSSJ 2017 (.pdf)

INSTRUCTIONS FOR AUTHORS SSSJ (.pdf)

упатство за изработка на трудови во Students social science journal 2017 (.pdf)

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…