Од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип учествуваа 16 студенти, а од овој Факултет, како предавачи по одделни теми беа проф. д-р Јован Ананиев, кој е воедно член на Организацискиот одбор, вонредните професори д-р Борка Тушевска-Гавриловиќ, д-р Жанета Попоска и д-р Лазар Нанев, како и доцентките д-р Олга Кошевалиска и д-р Ана Никодиновска-Крстевска.
Сите педесет учесници беа поделени во две групи, од кои едната во областа на човековите права, а другата во областа на казненото право и во текот на една недела имаа можности да слушаат предавања од наставници од трите факултети, организатори на школата. Последниот ден студентите полагаа завршен тест, а врз основа на покажаните резултати студентите ќе може да трансферираат кредити по одделни предмети за компонентите вежби и проектна задача.
Оваа школа се организираше по вторпат и уште еднаш беше многу високо оценета како од студентите, така и од организаторите и претставуваше одлична можност за проширување на знаењето, трансферирање на кредити меѓу трите универзитети и соработка и поврзување на студентите од различни универзитети, но и разбивање на одредени предрасуди базирани на етничка и јазична основа.