Втора студентска конференција „Студентската мисла во правото, политиката и општеството“

Штип, 3 октомври 2017 година Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Ул. Крсте Мисирков ББ

Организатори:
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Правен факултет
Државен универзитет во Тетово, Правен факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Правен факултет „Јустинијан Први“
Конференцијата се организира во рамките на активностите на проектот:

Превенција од дискриминација и постапување во случаи на криминал од омраза и говор на омраза (Мисија на ОБСЕ во Скопје)

Проектот има за цел да го зголеми знаењето и да го подигне нивото на свест кај студентите за појавите и ефектите од дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза, како ѝ да ги претстави придобивките и бенефициите од етничката, јазичната и религиозната различност во општествата.

Датум: 3 октомври 2017 година

Место: Правен факултет (Свечена Сала), Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ул. Крсте Мисирков ББ, 2000 Штип

Организатор: Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип; Правен факултет, Државен универзитет во Тетово; и Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Научни координатори: д-р Ана Никодиновска Крстевска, д-р Насер Адеми, д-р Лазар Јовевски

Студентите отсекогаш биле движечка сила во општествата и тие играле важна улога во подобрување и во зацврстување на правните и политичките системи на државите. Тие се носители на нови идеи и ги препознаваат празнините и недостатоците во едно општество, врз основа на што пак даваат придонес со нивни креативни решенија за постоечки проблеми и идни перспективи. Ова значење особено им се придава во денешното општество, во ера на интернет и глобализација, каде студентите ја претставуваат врската помеѓу правото, политиката и општеството како во домашната и така и на светската сцена.

Тргнувајќи од тоа, целта на конференцијата е да ги собере на едно место студентите од прв и втор циклус студии, коишто доаѓаат од сите универзитети во државата, државни и приватни, и од кои се очекува да развијат дебати, полемики и дискусии од областите на правото, политиката и општеството, како и да дадат нови погледи, становишта и концепции, и да воспостават различни пристапи кон проучување на истите.

Од областа на правото, на Конференцијата ќе се опфатат теми поврзани со општата теорија на државата и правото, историја на правото, административното право, казненото право, граѓанското право, деловното право, меѓународното право и правото на Европската унија.

Од областа на политичките науки ќе се опфатат теми поврзани со политичките режими, политичките идеологии, политичките партии и избори, човековите права, јавните политики и јавната администрација, колективните безбедносни системи и предизвици во 21-от век, Европската унија како глобален актер, геополитиката и меѓународните односи, глобализацијата и регионализацијата.

Од областа на социолошките науки и комуникологијата, ќе бидат опфатени следните теми: религијата и културата во глобалниот свет, граѓанското општество и општествените движења, етничката припадност, национализмот и колективните идентитети, миграциите, родот и родовиот идентитет, влијанието на медиумите врз општествените промени, транспарентноста и односите со јавност, моќта на информацијата во современиот свет.

Во посебен панел од конференцијата, ќе ги бидат опфатени теми од областа на човековите права, со фокус на анти-дискриминацијата, борбата против говорот на омраза и криминал од омраза.

Поднесување на апстракт: Се покануваат заинтересираните студенти да поднесат апстракт за учество (max. 500 зборови) и кратка биографија (CV – max. 1 страна), до 25 август 2017 година, на следната e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Публикација: Трудовите од конференцијата кои ќе добијат позитивна рецензија ќе бидат објавени во меѓународното студентско списание ‘Student’s Social Science Journal’ на Правен факултет – УГД. Учесниците ќе бидат поканети да ги достават своите целосни трудови до 1 февруари 2018 година, за рецензирање. Повеќе детали околу процесот на рецензирање и уредување ќе бидат доставени во подоцнежна фаза.

Работни јазици на конференцијата: Македонскиот јазик е официјален јазик на конференцијата.

Упатство за изработка на трудови (.pdf)

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…