Студентите на оваа Летна школа во Турција ги применуваат своите знаења, а воедно ги прошируваат своите знаења за турскиот јазик и турската култура. Воедно заедно со студентите од целиот свет групно ги посетуваат природните и историските знаменитости на Турција.
Оваа година учесници на оваа Летна школа се Нела Попова и Даниела Василева кои сè уште се во Турција. Тие ни испратија фотографија и ни го напишаа следното „Ние тука супер си поминуваме, учиме и се дружиме“.