За студентите од Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина во наредниот период можностите ќе бидат збогатени, преку формирањето на Регионална балканска асоцијација за Еразмус + студенти. Универзитетот „Гоце Делчев“ ја поддржа ваквата иницијатива и преку својата Еразмус плус канцеларија објави повик со кој ги информира своите студенти и ги охрабрува да се вклучат во асоцијацијата.
Доколку сте биле Еразмус + студент, доколку сакате да патувате, да работите на проекти и доколку сакате да ја продолжите Вашата Еразмус + приказна во асоцијација формирана токму за Вас, придружете се и Вие!
Western Balkans Alumni Association (WBAA) – е непрофитна и невладина организација иницирана од Европската комисија која се базира на принципите на: демократија, кохезија, солидарност и еднаквост помеѓу студентите учесници во Еразмус + програмата на Западен Балкан, односно следниве земји:
- Македонија;
- Србија;
- Албанија;
- Црна Гора;
- Косово;
- Босна и Херцеговина;
Целта на организацијата е да се воспостави силна унија на алумни Еразмус студенти кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан и ќе се залагаат за модернизација и подобрување на квалитетот во високото образование.
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип целосно ја поддржува и се вклучува во оваа иницијатива и ги охрабрува студентите да се приклучат во истата.
ЛИНК: https://www.facebook.com/WesternBalkansAlumniAssociation/
https://www.facebook.com/ugderasmus/
За повеќе информации обратете се до Еразмус + канцеларијата при УГД.
http://cmus.ugd.edu.mk/index.html.