Практикантската програма ќе се состои од два дела, при што првиот дел е вовед во банкарски софтвер преку презентации и пренесување на стручно знаење, додека вториот дел ќе биде директно учество на студентите во работилници за изработка на банкарски софтвер преку инструкции од страна на стручни лица од Acceko CEE.
Обуката ќе трае во периодот од 2.10.2017 година до 1.11.2017 година. Секој студент ќе биде платен за учество во висина од една просечна македонска плата за времетраење на обуката.
Сите студенти кои ќе бидат избрани да одат на пракса ќе бидат ослободени од настава во тој временски период.