Идните новинари и правници во посета на АВМУ и МТВ

Студентите на Правниот факултет, од насоките Правни студии и Новинарство и односи со јавноста, престојуваа во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги АВМУ и на МРТ.

Од страна на експерти од АВМУ на студентите им беше презентирана медиумската  легислатива, со осврт на актуелните предлози за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и надлежностите, начинот на функционирање и обврските на Агенцијата во поглед на имплементација на релевантните закони, активностите што регулаторот ги презема во поглед на медиумската писменост, третманот на родовите прашања во медиумите, спроведените анализи и истражувања.

Студентите пројавија интерес за повеќе области - мерењето на рејтингот на медиумите, регулацијата на интернет порталите, поттикнувањето на домашната програма и музика на медиумите. Покрај АВМУ, беше остварена  посета и на јавниот сервис Македонска телевизија, каде што студентите имаа можност да ги посетат студијата на телевизијата и да се запознаат со дел од функционирањето на јавниот сервис.

 

Последен пат изменето на Вторник, 12 Декември 2017 08:06
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…