На настанот говорници кои ќе ги мотивираат и инспирираат младите од Штип и околината ќе бидат:
- Бранко Огњановски - основач, режисер и сценарист на хумористичното ТВ шоу „К-15“, еден од основачите на К-15 продукција, креатор и уредник на порталот panika.be и автор и извршен продуцент на ТВ емисијата „Фчерашни новости“;
- Снежана Лупевска-Созен - најдобар новинар во истражувачкото новинарство во Република Македонија, автор и продуцент на емисијата „КОД" и уредник во ТВ Телма;
- Жан Митрев - најпознатиот и најдобриот кардиохирург во Република Македонија, основач, сопственик и главен менаџер на Специјалната болница „Филип Втори".
Целта на акцијата „Нахрани го својот ум” е преку серија мотивациски говори на успешни македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите да имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите што ги засегаат.
Настаните се бесплатни и ќе се одржат на четирите универзитети во државата - „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, „Гоце Делчев“ во Штип и „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Модератор на сите настани ќе биде Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното македонско ток шоу „Еден на еден“ и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.
Сите заинтересирани за настанот на 3 април може да се пријават на следниов линк: https://goo.gl/forms/BiB94bDWpxErNTMf2
Акцијата „Feed your brain“ е реализирана од маркетинг агенцијата „Еден на еден” во рамките на иницијативата „Мрдни со прст”.
„Мрдни со прст“ е граѓанска платформа, чијашто мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанска вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.
Повеќе информации за „Мрдни со прст“ се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Фејсбук страницата www.facebook.com/MrdniSoPrst