„Здравје за сите“ – акција на студентите на ФМН

Бесплатно мерење на крвен притисок и на шеќер во крвта организираат студентите на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, заедно со своите професори и асистенти.

Акцијата „Здравје за сите“ започна во понеделник (7 мај), со посета на училиштата во Штип, а продолжува во вторник (8 мај), во терминот од 8 до 10 часот, на шест локации во Штип: Градски плоштад, Трговски центар, НАМА, Автокоманда (ТУШ), Сењак (КАМ маркет) и Градски пазар. Граѓаните ќе можат бесплатно да си ги проверат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, како и да добијат совети од областа на здравството.

Студентите овие акции ги организираат како дел од Првиот интернационален конгрес на студенти по општа медицина, кој се одржува на 9 и 10 мај во Мултимедијалниот центар на УГД.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…