Церемонијата по повод прогласувањето на наградените се одржува традиционално на 26 септември, по повод Европскиот ден на јазиците.
Наградата ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Р. Македонија (ЗПРМ) во соработка со Делегацијата на Европската Унија, а оваа година наградите ги врачија Фрејк Јанмат, претставник на Делегацијата на ЕУ, Огнена Никуљски, претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија, Калина Малевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје и Љубица Арсовска од Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија.
Право на учество имаа лица до 26 години, а услов за учество беше пријавените текстови да претставуваат самостоен превод на сегмент од современата книжевност од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.