Конкретно, по повод светскиот ден на литературата за деца, НУУБ „Гоце Делчев" и ЈОУДГ „Вера Циривири-Трена" организираа читање на бајки од Андерсен пред дечињата од голема група.
Интерпретативното читање беше проследено со интерактивно раскажување и креативна работилница.
Во активноста се вклучија студентките: Наташа Ѓорѓиевска, Ана Рувиноска, Верица Милорадова, Милена Тасева и Ана Патриклиева.