УГД на Урбан спорт фест во Софија

Студенти и професори од УГД учествуваат на Урбан спорт фест во Софија. Во рамките на настанот, кој започна на 15 септември, а ќе трае до 22 септември годинава, се организирани спортски натпревари во преку 20 спортски дисциплини организирани на отворено.

Настанот е со меѓународен карактер со учество на повеќе од 15 земји меѓу кои Шпанија, Португалија, Франција, Белгија, Словенија, Романија, Италија, Бугарија, Србија, Израел, Турција и др.

Повеќе од 50 студенти го претставуваат тимот на УГД. Студентите од ФМУ, од Одделот за етнокореологија, предводени од проф. д-р Владимир Јаневски, учествуваа на Фолклорниот фестивал во рамките на Урбан спорт фест. На настанот се претставија со песни и ора од етничкиот предел Скопска Црна Гора, со сценска адаптација Грабиле гу Смилјану девојку.

Спортските екипи учествуваат во натпреварите по футсал, баскет 3х3, карате и демонстрациите во јога и паркур. Спортските екипи се предводени од наставниците по Спорт и рекреација, вон. проф. д-р Билјана Попеска, проф. Ванчо Барбареев и проф. Љупче Нехтенин.

Во рамките на настанот се организира Меѓународна конференција „Challenges of urban sport"  на која учество ќе земат наставниците по Спорт и рекреација.


Последен пат изменето на Среда, 18 Септември 2019 14:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…