(Видео) Симулирано судење на процес пред Европскиот суд за човекови права

Студентите на Правниот факултет денес пред своите колеги одржаа симулирано судење на процес пред Европскиот суд за човекови права.

Студентите со овој процес беа на меѓународен натпревар по симулирани судења во Вршац, каде што го освоија второто место.

  • Станува збор за регионален натпревар „Футура“. На тој натпревар еден тим ја застапуваше државата, а друг тим ги застапуваше апликантите. Јас бев во тимот што ги застапува апликантите. Се натпреваруваме со осум тима и го освоивме второто место. Денес сме овде да им го пренесеме нашето искуство на колегите од Правниот факултет - изјави Марија Коцева, студентка на Правниот факултет при УГД која учествуваше во натпреварот „Футура“.

Студентите од Вршац донеле многу позитивни искуства, а многумина од нив се согласуваат дека останатите нивни колеги треба да се вклучуваат затоа што ќе се сретнат со вредно искуство кое ќе им користи во нивната кариера.

  • Натпреварот ја имаше темата на азил и мигранти. Тоа е прекрасно искуство за секој студент на Правен факултет и мислам дека секој би требало да се избори да учествува на тој натпревар. Чувството пред тие судии е прекрасно - изјави Елена Трајковска, студентка на Правниот факултет на УГД.

Студентите на Правниот факултет често се дел од домашни и меѓународни натпревари во нивната област и често достигнуваат значајни резултати.

Видео

Последен пат изменето на Среда, 30 Октомври 2019 14:01
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…