- Целта е да се разменат контакти, знаење и искуства. Потребата од кадар од оваа област е растечка. Фактот дека имаме склучено договори за соработка со повеќе од 40 ИКТ компании од регионот сведочи за тоа дека тие го препознаваат нашиот кадар како потребен за нив - изјави деканката на Факултетот за информатички науки, проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде.
Компаниите велат дека вакви настани се многу важни со цел да се регрутира дел од кадарот кој им е многу потребен на компаниите.
- Како штипска компанија, каде што е многу потешко да се најдат вакви кадри за разлика од Скопје, мене ми е исклучително важно да има вакви настани на Универзитетот. Речиси на сите настани кои ги организира Факултетот за информатика присуствуваме за да видиме кој како работи - изјави Хајди Клинчарска од компанијата „Лупифај“ во Штип.
Настанот се одржа денес во просториите на Факултетот за информатика, а покрај тоа се одржа и предавање на тема „Актуелни трендови во ЈavaScript“ кое го одржа Векослав Стефановски, одговорен за софтверски развој во компанијата „Сорсико“.