- Кампус Франс е државна агенција за високо образование и сакаме на студентите да им ги претставиме можностите. Француските универзитети се отворени за сите студенти, Франција е земја која прима многу странски студенти, затоа што нуди одлични услови за студии, одлични и квалитетни програми по навистина пристапни цени за школарини и останати услови. Кај нас секоја година имаме доста студенти кои го продолжуваат своето образование, било од прва година на факултет или пак студираат тука и потоа одат на специјализации, на постдипломски студии, на мастер. Француската амбасада преку Францускиот институт секоја година во март објавува конкурс за стипендии, така што оние кои се заинтересирани за постдипломски студии можат да конкурираат и за стипендија и така да студираат во Франција. Задоволни сме што УГД има добра соработка со многу универзитети од Франција, успешно се реализира и програмата Еразмус и ги охрабрувам студентите да аплицираат за овие програми, затоа што дури и непознавањето на францускиот јазик не е пречка бидејќи се нудат програми, предмети на англиски јазик, Франција се отвора, веќе има размена, доаѓаат студенти од Франција на УГД во Штип, би било добро да отидат и наши студенти. Би истакнала дека имаме одлична соработка со Универзитетот во Каен, Нормандија, каде што веќе има една група наша студенти кои студираат таму и кои имаат навистина убави услови за престој и студирање, одлично се примени од нашите соработници во Каен – изјави Сузана Пешиќ од Францускиот институт.
Фарнцускиот институт нуди можности за студирање во Франција
- - Дек 06, 2019
Студентите од УГД и од Македонија имаат можности дел од своите студии да ги поминат во Франција, а најдобар начин да се запознаат со можностите и условите е преку Кампус Франс на Францускиот институт.
Одбележен под