Студентите во време на корона – Кристијан Митев од Перу во државен карантин

Веќе добро познатиот авантурист Кристијан Митев, за кој медиумите известуваа како „заглави“ во Перу, моментално е сместен во државниот карантин во хотел „Ибис“.

Кристијан е поранешен студент по новинарство на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, тој од пред некое време одлучил да замине во авантура во Латинска Америка, но коронавирусот го спречи во тој обид.

- Пристигнав пред 11 дена од Перу и моментално сум во карантин во Скопје. Заглавив во Куско, имав некои недоразбирања. Контактирав со МНР, наместо со Амбасадата, па го испуштив летот со кој Македонците беа евакуирани од тој дел на светот. Потоа со одлична соработка со Амбасадата на Македонија во Бразил успеавме да најдеме решение и да се вратам назад. Се вратив со помош на Амбасадата на Холандија која ги врати своите граѓани во Европа, а јас успеав некако во последен момент да се протнам во тој лет од Куско до Лима и од Лима до Амстердам. Потоа 2 дена чекав во Амстердам, па успеав да стигнам до Софија, а од таму беше полесно да се стигне во Македонија - вели Кристијан Панев.

По еднонеделно патување тој конечно е во Македонија, но сѐ уште не е дома. Уште неколку дена ќе биде во државен карантин, а потоа се сели уште 14 дена во домашна изолација. Интересен е патот на Кристијан Панев кој јавноста можеби го познава по неговите интересни видеа од целиот свет, а тој најавува и нови авантури. Кристијан поминал низ 50-тина држави и вели дека нема да запре со својата авантура да снима нови видеа од земји низ светот, но и од Македонија. Тој за Универзитетското радио УГД ФМ ја раскажа целата своја авантура. Слушнете ја во продолжение.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 27 Април 2020 09:27
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…