Студентите во време на корона – Љупка Грумбарова-Ставрески, медицинска сестра во Германија

Дел од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип својата иднина – професионална и лична – се одлучуваат да ја најдат и во европските држави, благодарение на можностите што се отвораат со признавањето на дипломите кои ги стекнуваат на УГД.

Љупка Грумбарова-Ставрески својата иднина по завршувањето на Факултетот за медицински науки, насока Медицинска сестра ја има во Германија, каде што е и во моментов, во ова време на пандемијата од Ковид 19, која не заобиколи ниту еден дел од светот. Во ова време на една од најголемите здравствени кризи во светот, Љупка е пред реализирање на својот сон – да започне да работи во болница во близина на Штутгарт и да се посвети комплетно на својот позив – медицинска сестра, и тоа токму во време кога здравствените работници се една од најзначајните алки во борбата против коронавирусот.

- Германскиот здравствен систем е на едно навистина високо ниво и навистина сум среќна што ќе имам можност да работам овде. Големо значење има знаењето кое го стекнав за време на студирањето на УГД, како и искуството од двегодишната работа на клиниката „Филип Втори“, сега „Жан Митрев“. Овде генерално се почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот. Можеби на почеток имаше некоја несериозност, младите знаеја да организираат „корона журки“, но како што одминуваше времето мерките се почитуваат сѐ повеќе. Училиштата, факултетите и градинките се затворени, се најавува етапно започнување со настава, но само за оние кои се во завршните години. Сега стапи на сила и обврската за носење на заштитни маски – вели Љупка.

Комплетното интервју емитувано на програмата на Радио „УГД ФМ“ во понеделник, 27 април 2020 г., можете да го слушнете во продолжение.

 

Последен пат изменето на Вторник, 28 Април 2020 21:06
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…