Каде се студентите во време на корона – Ѓорѓи Ефремов одлучил кризата да ја помине во Германија

Ѓорѓи Ефремов е поранешен студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. По завршувањето на насоката Историја и археологија тој одлучил својата среќа да ја бара во Германија, каде што го затекнува кризата на коронавирусот.

Моментално тој работи таму (и за време на кризата). Неговото искуство вели дека очекувал Германија малку посериозно да се справи со кризата, но сепак одлучил да остане.

- Очекував да бидат многу поорганизирани. Можам да кажам дека на почетокот на кризата дефинитивно Македонија воведе многу поригорозни мерки и ефектот очигледно е дека беше поголем таму, овде се прифати некако со летаргија и тоа се почувствува. Во однос на заштитната опрема имаше недостаток. Јас во неколку наврати бев во продавниците и аптеките каде што барав маски и заштитна опрема, а беа во недостаток и овде. Она што ме изненади е што никој не дојде како работници да нѐ провери или да нѐ исконтролира - рече меѓу другото Ефремов.

Тој планира да остане таму, барем во периодот додека да заврши кризата, а подоцна може да размислува и да се врати во Македонија.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…