Студентската организација СОМА вклучена во акција за доделување на новогодишни пакетчиња

Студентската организација за студенти по медицина (СОМА) се вклучи во хуманитарната акција за доделување на новогодишни пакетчиња за дечиња од одделот за Педијатрија при Клиничката болница во Штип, дечињата од Специјалната паралелка за деца со посебни потреби од училиштето „Ванчо Прќе“ во Штип, Мал групен дом и Центарот за аутизам.

Студентите од организацијата СОМА направија логистичка и техничка поддршка на големата акција која ја организира докторот Горан Трајковски, кој е „инфлуенсер“ на социјалните мрежи и преку многубројни донации обезбеди пакетчиња за децата низ цела Македонија. Д-р. Горан преку социјалните мрежи обезбеди преку 1000 пакетчиња за дечињата ширум државата, а бидејќи тој моментално работи и живее во Германија, логистиката ја прават волонтери кои се согласија пакетчињата и останатите подароци да ги распределат низ институции во државата.

Од Студентската организација изразуваат надеж дека оваа акција би можела да стане традиционална со што ниту едно дете нема да остане без новогодишен подарок.

Последен пат изменето на Четврток, 24 Декември 2020 14:26
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…