Григориј Ангов, успешен студент на Машински факултет на УГД: „Секој млад човек прво треба иднината да ја гледа во својата земја, но и таа треба да се потруди“

Со просек 9,8, Григориј Ангов бил студент со највисок просек во својата генерација. Овој дипломец на Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип веќе успешно се носи со предизвиците на работното место во компанијата „Адиент“ во Струмица, која е светски реномирана компанија за производство на навлаки за автомобилски седишта.

Изборот на факултет за него не била тешка одлука.

Отсекогаш сум се интересирал за техничките науки, па затоа Машинскиот факултет беше логичен избор за мене. Освен тоа, знаењето со кое се стекнуваш по завршувањето на овој факултет нуди голем број можности на пазарот на трудот, како во нашата земја, така и надвор од неа. Исто така, можам да кажам дека успешното завршување на овој факултет претставува вистински предизвик, но затоа сега со гордост ја носам титулата машински инженер“, вели Ангов. „Нашата професија бара постојано да се надградуваме и да ги следиме новитетите во технолошкиот свет доколку сакаме да бидеме во чекор со светските трендови. Во блиска иднина планирам да запишам магистерски студии, на таа тема веќе сум во контакт со професорите од Универзитетот ҆Гоце Делчев҆ и со нетрпение чекам да ја започнам и таа нова етапа од мојата едукација“.

Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк, на следниов линк: Факултети.мк.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…