Студентските избори на УГД се веќе во процедура на пријавување. Целата постапка, според новиот закон, е започната, а тоа значи дека студентите можат да се кандидираат за членови и претседател на Факултетско студентско собрание.
Изборот ќе се одржи на 25.3.2021 г. (четврток) по електронски пат.
На денот на изборите секој студент на факултетот на студентската е-пошта ќе добие два линка за гласање за членови и претседател на Факултетско студентско собрание.
Студентите во четврток ќе треба да ја отворат студентската е-пошта за да го остварат правото на глас.
Право да избираат и да бидат избрани за членови и претседател на Факултетско студентско собрание имаат сите активни студенти од прв, втор и трет циклус на студии во рамките на единицата кои се запишани на студии во учебната 2020/2021 година.
Доколку некој студент сака да се кандидира за некоја од позициите ќе треба да поднесе пријава преку продеканот, техничкиот секретар или секретарите на сопствените факултети.
Соопштенија се објавени во делот на соопштенија на веб-страниците на секој факултет.