Студентите на додипломски и постдипломски студии имаат одлична можност да учествуваат на „Future News Worldwide 2021“ - Меѓународен самит за најдобрите млади креатори на медиуми во светот.
Ова е програма за партнерство помеѓу Британскиот совет и дел од водечките медиумски организации во светот како Гугл, Фејсбук, Ројтерс и Хералд. Целта е да се поддржат младите да развијат широк спектар на новинарски вештини и да се постави Велика Британија како глобален лидер во развојот на млади новинари и медиумски фигури.
Во рамките на програмата секоја година се собираат на едно место 100 од најталентираните, најмотивираните и најпасионираните студенти новинари во светот за да присуствуваат на програмата за интензивна обука за медиуми. Учесниците добиваат ексклузивна обука од водечките уредници, презентери, новинари и репортери во светот и гледаат како издавачите ширум светот ја користат технологијата за да најдат приказни на кои им вдахнуваат живот како никогаш претходно.
Годинава Конференцијата на тема „Клима, ковид-19 и порастот на дезинформации: како новинарството може најдобро да му служи на светот во криза“ ќе се одржи на 14 и 15 јули и ќе понуди богата и набиена програма за следната генерација креатори на вести и содржини. Конференцијата ќе се одржува онлајн и ќе понуди места за учество на 100 млади студенти блогери, влогери, фоторепортери и репортери од целиот свет.
Покрај можноста да ги слушнат водечките репортери и презентери, учесниците ќе бидат сведоци и на симулација креирана од First Draft, којашто ќе ги прикаже најтензичните моменти во една новинарска редакција додека известува за ударна сторија поврзана со здравјето со цел да поттикне носење правилни одлуки за известување во реално време како одговор на ширењето дезинформации.
Можноста им е достапна на студентите на додипломски и постдипломски студии од која било земја, кои се на возраст од 18 до 25 години заклучно со 1 јули 2021 година. Кандидатите треба да зборуваат англиски на напредно ниво и да покажат пасија за започнување кариера во новинарството.
Пријавувањето за учество на Конференцијата е веќе отворено, а ќе трае до 8 јуни. Можете да најдете повеќе информации и да се пријавите на следниов линк:
Future News Worldwide 2021 Terms Conditions and Competition Rules.pdf