Мерил земал 72 стаорци и ги поделил на три групи: една за да направи тест како глувците ќе реагираат на хард-рок музика, друга на која ќе им пушта музика од Моцарт и последната група не би слушала никаква музика.
Младиот истражувач ги сместил сите глувци во неговиот подрум и почнал да им пушта музика, по 10 часа на ден. Секоја група стаорци ја пуштал во лавиринт по три пати во неделата и на почетокот им требало во просек по 10 минути да стигнат до целта. По некое време групата која не слушала никаква музика успеала да скрати пет минути од стартот до целта. Групата која го слушала Моцарт скратила осум и пол минути. Групата, пак, која слушала хард-рок додала 20 минути на нивното време.
Мерил изјавил: ,,Морав за брзо време да го завршам проектот, бидејќи сите стаорци кои слушаа хард-рок музика се убија меѓусебно, почнаа да се јадат меѓусебно. Додека, пак, ниту еден од оние што слушаа класична музика не го направи тоа”.
Слушањето на музика од Моцарт ве прави попаметни, барем привремено.
Извор: www.edu-cyberpg.com