„Студентско ехо“ со отворен повик за сите студенти на УГД

Со почетокот на новата академска година продолжува и работата на новото издание на студентското списание „Студентско ехо“. Следниот, тринаесетти број, на којшто веќе активно се работи ќе излезе во средината на декември.

Редакцијата на студентското списание ги повикува и охрабрува сите заинтересирани студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“, доколку имаат желба, идеја и креативност, да се вклучат во работата на студентскиот весник со свои видувања и ставови во областа на студентскиот живот. Идејата е на студентите да им се отстапи простор во еден печатен медиум, каде што слободно ќе може да се изразат. Студентското списание е одлична можност да се прочита гласот на студентите и да остане забележан. Сите заинтересирани студенти можат да ги достават своите текстови и идеи, контактирајќи ја редакцијата преку фан страницата на социјалната мрежа Фејсбук:  www.facebook.com/studentskoeho  или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Првиот број на списанието „Студентско ехо“ излезе во декември 2011 година. Негов основач е проф. д-р Сузана Џамтоска-Здравковска со студентската генерација од 2010/2011 година. Овој проект опстанува благодарение на посветеноста на студентите од Катедрата по новинарство и односи со јавноста и со голема поддршка од Центарот за односи со јавноста и Студентскиот парламент при УГД.

Главен и одговорен уредник на последните шест изданија на списанието беше Ненад Мицов, а од оваа академска година редакцијата на списанието е во нов состав. Нов главен и одговорен уредник на списанието е Иван Дуковски, а негови помошници се Марија Лазовска и Христина Спирова, студенти на Катедрата по новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет при УГД.

Во меѓувреме, додека се подготвува новиот број на „Студентско ехо“, претходните 12 изданија на списанието се достапни онлајн преку архивата која се наоѓа на веб-страницата на Центарот за односи со јавноста http://coj.ugd.edu.mk.

Последен пат изменето на Вторник, 20 Октомври 2015 12:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…