Програма за практична работа во Германија

Германската стопанска комора во Р. Македонија ја спроведува Програмата за стипендии на германското стопанство за 2016 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој е раководител на Програмата во Германија. Целта на оваа Програма е да обезбеди специјализација за квалификувани кандидати од Р. Македонија во најуспешните германски компании, во пероид од 3 до 6 месеци. Почетокот на Програмата е предвиден за 1 јули 2016 година. Оваа Програма е поддржана и трошоците се покриени од Владата на Сојузна Република Германија.

Потребни квалификации:

  • Студии од областа на економија/финансии, инженерство/технички науки/информатика, новинарство/студии по германистика или земјоделство, инфраструктурен квалитет, климатски и еколошки технологии;
  • Апликантите не треба да се постари од 30 години;
  • Додипломци во последната година од студиите, студенти кои се на постдипломски студии, како и дипломирани со одредено професионално искуство;
  • Добро да говорат германски и/или англиски јазик (не е неопходно кандидатите претходно да имаат познавање на германскиот јазик).

Апликацијата се поднесува електронски, во период од 1 ноември до 15 ноември 2015 година.

Повеќе информации на официјалната страница: https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/

Извор: http://mladiinfo.eu 

Последен пат изменето на Среда, 21 Октомври 2015 13:01
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…