На пример, едно од прашањата на Отсекот за ориентални студии е: Може ли археологијата да ја докаже или да ја негира Библијата?
На Отсекот за биомедицина студентите би можеле да очекуваат вакво прашање: . Зошто шеќерот во урината е релевантен показател дека имате дијабетес?
Студентите би требало да знаат да објаснат зошто нивото на шеќер во крвта е поврзано со дијабетесот, ако се земе предвид дека бубрезите се тие кои ги прочистуваат штетните елементи од организмот, но не ја прочистуваат гликозата.
На Отсекот за филозофија, политика и економија се појавува и вакво прашање: Зошто приходот по глава на жител во САД е поголем за 50 до 100 пати во однос на Малави?
Целта на овие прашања не е само да се поттикне подлабоко размислување, туку и да се види како идните студенти реагираат во ситуации кои им се непознати, кога се среќаваат со нови лица, нова средина и сосема неочекувани прашања.