Студентите на Правен факултет имаа можност да слушнат искуства на американски правен експерт за темата одредување на казната. Предавач на предавањето на тема „US sentencing Guidelines“ беше Марк Ласер, кој е правен советник во Амбасадата на САД во Р. Македонија.

Предавањето беше корисно за студентите и во контекст на тоа што на повидок е нов закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната во Р. Македонија. Дел од предавањето што се одржа во судницата на Правниот факултет можете да проследите на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=_BVzv5X_W6Y.

 

 

Последен пат изменето на Четврток, 05 Ноември 2015 12:13
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…