- Во моментот кога одлучував да го продолжам своето образование надвор од државата не барав излез по секоја цена од „живата кал”, туку сакав пред сѐ да направам културолошки „апгрејд“ на себеси, со цел моите делувања во иднина да добијат некоја нова, поширока рамка и секако помасовен и суштински импакт. Да видам како може да се подобрат работите и, можеби, како не треба вели Екатерина
Екатерина веќе петта година по ред е во Словачка, каде што е на втор циклус студии. Таа доби целосно стипендија од Владата на Словачка, која имаше договор со Министерството за образование на РМ за размена на студенти. За сето она што таа го доживеала во овие години направила и краток филм.
- На почетокот од видеото се прикажани почетните очекувања на најновата генерација студенти во јазичната школа во Братислава, а тие неколку секунди оддаваат прекрасен момент на блискост, сплотеност и надеж на луѓе од најразлични краеви и култури и е импресивно што нивните очекувања се спојуваат скоро во иста точка. Нов почеток, среќен и полн со предизвици. Токму тоа и сакав да го покажам, и убавината на тој нов почеток, и болните страни на студирањето далеку од дома, како далечината од блиските, совладувањето на сосема туѓиот јазик и културолошката разлика што силно се чувствуваше во одредени моменти. Сепак, видеото покажува дека сѐ е совладливо и го покажува моментот на неизмерна радост во ден кога соништата ќе се исполнат, дека е можно и да се дипломира и да се биде опкружен со пријатели – колеги кои те гледаат како еден од нив и сакаат да ја запознаат твојата различност . вели Екатерина
Со ова видео Екатерина аплицира на Конкурсот кој е наменет за интернационални студенти и споделување на нивните искуства. Целата е да се покаже дека студирањето во странство е возможно и совладливо, дека студентската размена не е невозможна и дека таа е достижна за секој студент кој има желба тоа да го стори.
Видео е со наслов „Áhoj, try to spell it right“ и годинава се наоѓа на листата на учесници на натпреварот објавен од International student/ Travelling video contest. Правилата на игра на натпреварот се студенти кои се надвор од својата држава, кои треба да го опишат своето студирање и нивната следна „мисија” или, другата можност, доколку се пред почетокот на студиите да докажат зошто и како ќе ги искористат финансиите од наградите за да си помогнат да ја остварат целта.
- Моето видео го носи тој наслов, помалку предизвикувачки и повикувачки на нешто ново, затоа што видеото го носи чувството кое најмногу ги кочи младите, во момент кога донесуваат каква било одлука за својата иднина, наместо да ги мотивира и турне во непознати води, каде што впрочем и би се научиле најдобро да пливаат
. вели младата штипјанка
Доколку Екатерина успее да ја добие наградата планира нејзина следна дестинација да биде Индија каде што планира да ја истражува културата на индиската жена и нивните навики и обичаи. Финалната одлука ја донесува стручно жири, но до 9 ноември може да гласа и публиката. Погледнете го видеото и одлучете дали ќе ја поддржите Екатерина во својата намера - преку образование и надградбата да го види целиот свет, а и којзнае колку топло и пријатно искуство ќе ни донесе од Индија.
Видеото и гласањето може да се видат на следниов линк: http://www.internationalstudent.com/contest/2015/play/%C3%81hoj!+Try+to+spell+it+right!/#.VjHaTWpARKA.facebook
Извор: www.youthnewsroom.net