Локални дискусии за учество на младите во креирање на образовните политики

Во Штип се одржаа неколку дебати помеѓу невладини организации, локалните власти и младите луѓе кои даваа предлози и разменуваа мислења за тоа кaко треба да се регулира средното образование.

Неколку младински организации заедно со средношколците и локалните власти во неколку градови организираат вакви дебати од кои треба да произлезат конечни решенија кои ќе го подобрат средното образование во Македонија. Изминатиов период беше доста турбулентен со промените во законите за средно и високо образование, целта е ваквите дебати да придонесат за институционално решавање на недоразбирањата и да се слушне гласот на младите.

- Крајната идеја е од сите локални дискусии во сите локални заедници што ќе се организираат да се направи една национална конференција од којашто ќе произлезат препораки како да се регулира учеството на младите и децата во процесот на средното образование. Овие дискусии ќе се преточат во препораки до Министерството за образование и други институции во насока на евентуално ново менување на Законот за средно образование.изјави Драгана Митровиќ од невладината организација „Младински клуб“, која е локален организатор на овие дебати

Покрај дебатата со средношколците се организираше и дебата со возрасни – професори, родители и претставници од младински организации. Во овој проект  се вклучени Коалицијата на младински организации „СЕГА“, МОФ и Првата детска амбасада Меѓаши.

Извор: www.youthnewsroom.net

Последен пат изменето на Петок, 06 Ноември 2015 12:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…