Музички хитови во само четири акорди

Компонирањето музика, секако, не е лесна работа. Но голем број песни, всушност, се составени од само четири исти акорди.

Тоа не го забележуваме, затоа што како слушатели се фокусираме повеќе на текстот и мелодијата на песната, ритамот и инструментите кои се во позадина.

Групата „The Axis of Awesome” брои три члена. Таа направи и објави неколку вакви видеа, кои станаа доста популарни, покажувајќи ни дека сите наши омилени песни се составени од само четири исти акорди.

Ретко кој внимава на детали, како хармонија на песната или тоа кои акорди се употребени. Но, всушност, колку поедноставна е една песна, толку побрзо може да ја запаметиме. Со ваквиот „трик” продуцентите годишно издаваат по десетина и повеќе хитови.

Еве како, всушност, звучи една таква песна:

Подготвил: Ефтимија Јованова, студент на Филмска академија

Последен пат изменето на Четврток, 12 Ноември 2015 12:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…