(ФОТО)  Студентска фоторепортажа – како се снимаше филмот „Златна петорка“

Студентите од Филмската академија при УГД беа на снимањето на филмот „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски.

Велат дека можноста да се биде дел од снимањето на еден ваков филм на кој работат вистински професионалци е одлична, за да се види начинот на кој се снима, начинот на организација, шминките, костимите и сѐ што е дел од еден филмски сет.

Нам како студенти на Филмската академија при УГД ни претставуваше вистинска чест и задоволство што поминавме време на снимањето на филмот кој со сигурност ќе ги полни кино салите. Сите кои се дел од екипата работат со многу љубов и посветеност и несебично ни го пренесоа долгогодишното искуство што тие го имаат. Со секој од нас разговараа и ни одговараа на сите прашања кои ги имавме во текот на снимањето. Ова е одлично искуство за насвелат студентите

Играниот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски е замислен како фикција за една прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Во филмската приказна нè водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Сѐ додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951 година при што е ликвидирана група студенти од Струмица.

Дел од актерската екипа се: Славко Штимац, Влатко Илиевски, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Петар Арсовски, Васил Михаил и Ненад Милосављевиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева, додека за продукцијата е одговорен Дејан Милошевски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф Кирил Спасески, костимографијата е на Нела Тодоровска, а шминката на Ирена Сенокозлиоска. Тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, додека монтажата на Андрија Зафранови.

 

 

Последен пат изменето на Петок, 13 Ноември 2015 11:05
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…