Студенти од пет универзитети ќе имаат симулирани судења на УГД

Манифестацијата „Денови на симулирано судење“ годинава ќе се одржи на Универзитетот „Гоце Делчев“, во судницата на Правниот факултет. Овој настан е продукт на пет универзитети, односно на пет правни факултети во Република Македонија.

Годинава студентите преку симулирани судења ќе го презентираат новиот начин на водење на кривична постапка кај нас и постапката за спогодување за вина.

Предвидено е реализацијата на проектот да се одвива на годишно ниво и од следната година симулираните судења на факултетите да имаат натпреварувачки карактер.

Целата манифестацијата е под покровителство на мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија, а во организација на Правниот факултет при УГД. Симулираните судења ќе се одржат во среда (9.12.2015 г.) во судницата на Правниот факултет во 12 часот.

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Декември 2015 12:01
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…