„Студентско ехо“ е студентско гласило кое нуди голема можност студентите заеднички да го артикулираат својот глас преку пишаниот медиум. Студентското списание им нуди пракса на студентите на новинарство од областа на печатените медиуми, можност за професионално надградување и простор за креативно изразување. Воедно, списанието претставува информативен, едукативен и забавен медиум за останатите читатели.
Освен тоа, „Студентско ехо“ е отворено и за останатите студенти кои сакаат да волонтираат во редакцијата со свои текстови.
Списанието излегува три пати во текот на студиската година и бесплатно се дистрибуира во сите наставни центри на Универзитетот. Целокупниот тираж е бесплатен за сите читатели. Редакцијата може да ја контактирате на studentskoeho@gmail.com или на официјалната Фејсбук страница на списанието www.facebook.com/studentskoeho.
Најновото издание може да го најдете и на следниов линк.