Настава по скијање за сите студенти на УГД

Универзитетскиот спортски центар во соработка со Одделот за спорт на Софискиот Универзитет организираат настава по скијање за сите студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Наставата е наменета за сите оние кои сакаат да научат да скијаат како и за оние кои веќе имаат одреден степен на познавање на скијачката техника. 

Истата ќе се реализира во период од 21 - 26 Февруари, 2016 година, на Маловица - Рила Планина, Р. Бугарија. 

Цени: 

Ноќевање, полн пансион (доручек, ручек, вечера), карта за ски лифт

27 евра од ден (55 лева) - Вкупно 137 евра

Наем на ски опрема

5 евра од ден

Обуката е организирана во групи согласно степенот на познавање на скијачката техника (почетници, полускијачи и напредни скијачи), по утврдена програма реализирана од страна на лиценцирани инструктори. Предвидени се бројни културно - забавни активности (спортски турнири, вечерни забави, шоу програми), натпревари на снег и многу дружење. 

ПРИЈАВУВАЊЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ: најдоцна до 01.02.2016 год кај наставниците по спорт и рекреација на следниве е - маил адреси:

доц. д-р Билјана Попеска, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ванчо Барбареев, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

м-р Љупчо Нехтенин Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

БРОЈОТ НА МЕСТА Е ОГРАНИЧЕН

Детална програма по денови

Програма

за реализација на настава и обука по скијање за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ на Маловица, Рила Планина

I ден

до 12.00 ч.

Пристигнување и сместување.

Задолжување со ски опрема.

14.00 – 17.00 ч.

Поделба на групи.

Обука на скии: одење, вртење, качување, спуштање право.

18.30 ч.

Организирано собирање на сите групи

ІІ ден

10.00 – 12.30 ч.

Обука скијање: спуштање право, плужно спуштање

14.00 – 17.00 ч.

Обука скијање: плужно спуштање, линиско плужно спуштање

18.00 – 18.30 ч.

Наставен филм

III ден

10.00 – 12.30 ч.

Обука скијање: право и плужно спуштање

14.00 – 16.00 ч.

Обука скијање: право и плужно спуштање, дијагонално спуштање, основен завој (вртење)

16.30 – 18.30 ч.

Прошетка до планинарски дом Маловица

IV ден

10.00 – 12.30 ч.

Обука скијање: основен завој (врење)– груба форма,

завој кон брег

14.00 – 17.00 ч.

Обука скијање: завој кон брег, основно вртење (фина форма)

18.00 – 18.30 ч.

Теоретско – практични предавања за опасностите во планина и заштита од нив.

V ден

10.00 – 12.30 ч.

Обука скијање: основно вртење, вртење со паралелни скии

14.00 – 16.00 ч.

Обука скијање: основно вртење, вртење со паралелни скии

VI ден

до 11.00 ч.

Заминување

Напомена: Предложената програма се однесува на група почетници (не скијачи). Програмата може да се промени во зависност од метеоролошките услови или одлука на одгвоорниоте лица за наставата.

  • Програмата за обука на напредни скијачи е со истата структура и временски распоред, со тоа што методските единици се усогласени со нивото на владеење на техниката на скијање и истата вклучува:
  • техника на карвинг завои,
  • натпреварувачка карвинг техника,
  • елементи на скијачка техника на необработени скијачки терени и шоу програма.
  • Напредните скијачи учествуваат во ски натпревари во различни групи согласно степенот на владење на скијачката техника и различните тежински нивоа на натпреварувачките патеки.
  • Сите студенти се вклучуваат во организација на турнири, натпревари, забавни активности, вечерни шоу програми и слични спортски и забавни активности прдложени и подржани од организаторот.

Програмата ја подготви и реализира:

Оддел за Спорт - Софиски Универзитет  во координација со Универзитетски Спортски центар, УГД.

Последен пат изменето на Четврток, 31 Декември 2015 11:58
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…