Конкурс за доделување стипендии за втор циклус студии

Министерството за образование и наука во академската 2016/2017 година ќе доделува стипендии за втор циклус академски студии во странство.

Стипендиите се наменети за студенти примени на втор циклус студии на еден од првите сто рангирани универзитети на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при шангајскиот „Џио Тонг“ универзитет од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката.

Повеќе информации на веб-страницата на МОН на следниов линк.

 

Последен пат изменето на Вторник, 29 Декември 2015 09:53
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…