Европскиот волонтерски сервис нуди неверојатно искуство за студентите и младите

Европскиот волонтерски сервис е дел од програмата „Еразмус +“ на Европската унија и има за цел да ги поддржи младите луѓе и нивното учество во различни видови непрофитни и волонтерски активности во странство, како поттикнување на солидарноста, социјалните вештини, мобилноста на младите и се промовира активно учество во општеството.

Ова е ситуација каде што бенефит имаат и општеството и волонтерот.

Волонтер во друга земја значи работење на интересен проект по ваш избор при што нема да примате плата, но ќе ви биде обезбеден месечен надомест кој ги покрива трошоците за сместување, храна, превоз, здравствено осигурување и џепарлак. Трошоците се покриваат од страна на програмата „Еразмус +“ од Европската комисија. Покрај ова добивате и бесплатен јазичен курс кој ќе ви помогне да работите и живеете во државата што сте ја избрале како дестинација.

Сакам да ги охрабрам сите млади да се вклучат во Европскиот волонтерски сервис, бидејќи единственото барање да учествуваат во оваа програма е да се на возраст од 17 до 30 години. Преку овој сервис бев во Шпанија, а листата од она што може да го добиете е многу долга: нов јазик, интернационални пријатели, нова држава, работно искуство, нова култура – Гранада; нови вештини, изграден став – Валенсија; независност, готвење – Севиља; работа со деца – Малага; нуркање, правење видео, концерти, кино – Мадрид; музика, танцување, движечка библиотека, радио искуство – Мајорка; возење велосипед, љубов, музеи, пешачење – Барселонасподели дел од своите искуства Ивана Трајановска, која поминала одреден период во Шпанија преку ЕВС

ЕВС започна во 1996 година, стана дел од програмата за млади (2000-2006) и продолжува да биде предводник на активности во рамките на програмата Млади во акција (2007-2013), а сега и како дел од програмата „Еразмус +“ на Европската унија. Во што последните 20 години учествувале околу 100.000 млади луѓе. Една од организациите која посредува во испраќање на волонтери од Македонија е и ИМКА од Битола.

Младинската асоцијација ИМКА Битола (YMCA) е акредитирана и секоја година праќаме по неколку млади да волонтираат во странство. Од искуствата на нашата организација можам да речам дека иако има заинтересираност, сепак младите лесно се откажуваат од оваа можност. Најчести причини за тоа се: ниска самоиницијативност, ниска самодоверба, страв од непознато, одбивање на неколку огласи и сл. Факт е дека ние младинските организации сме тие кои им пристапуваме на младите со цел нудење на овие можностивели Виктор Илиев од асоцијацијата ИМКА

Европски волонтерски сервис им овозможува на младите луѓе да вршат волонтерска служба за период до 12 месеци во земја различна од земјата во која престојуваат. Со неа се поттикнува солидарноста помеѓу младите луѓе и претставува вистинска служба за учење. Покрај тоа што локалните заедници имаат придобивки, волонтерите учат нови вештини и јазици, и откриваат нови култури.

Извор: www.youthnewsroom.net

Последен пат изменето на Среда, 20 Јануари 2016 10:17
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…