Наместо кафе - муабет со пријателите, денот на Мартин започнува најчесто со нови идеи и развој на проекти. Во останатиот дел од денот присуствува на состаноци со клиенти, луѓе од истата индустрија, истражувања и разговор со пријателите.
Најголем успех и постигнување за мене е тоа што знам дека сум го избрал патот кој ме изградил во совесна личност, а потоа можноста да водам свој тим од осум луѓе кои работат на проекти кои ги автоматизираат секојдневните навики и го намалуваат времето потребно за извршување на иститевели Мартин Џонов за работата на својата компанија
Овој млад информатичар смета дека нема шема за успешен деловен човек. Опкружувањето, луѓето со кои работиме и, пред сѐ, искреност во намерите се дел од многуте фактори од кои може да зависи успешноста на еден човек. Повикувајќи се на поговорката „Кога изгледа дека сѐ оди против тебе, сети се дека авионот полетува во спротивен правец на ветерот, а не со него“, Мартин вели дека треба да се има на ум дека секогаш човек не може да победува или да биде на врвот.
За луѓето на своја возраст овој студент смета дека фокусот на младите е насочен кон дружбата и забавата, која според него, доколку малку се насочи кон науката и бизнисот може да резултира со општ успех.
Но, за жал, целите на дружбата што младите ја имаат не се наменети за реализирање на креативни цели и планови, инаку за секоја индивидуа има место на пазарот. Не треба секогаш да се повикуваме на карта да работиме за некого, односно да го искористиме нашиот интелект за развој на наши идеиизјави Мартин Џонов
Иако во иднина се гледа во областа на своето занимање, додава дека не може со сигурност да се знае која работа би можела да го направи човекот задоволен и економски независен.
Извор: www.youthnewsroom.net