Mлад македонски иноватор во Германија

Златен медал за проектот „Биоразградлива биопластика” на ISWEEEP олимпијада во САД, награда за високи достигнувања во областа на екологијата, доделена од Град Скопје, општинска награда од Локалната самоуправа Свети Николе за придонеси во науката и технологијата за 2006 и 2009 година, се само дел од многуте меѓународни и домашни награди за освоени високи места на Николче Колев, дипломиран инженер за компјутерски науки од Свети Николе.

Ова младо момче моментално живее и студира во Германија, а својата кариера и иднина ги гледа во оваа држава или во друга високоразвиена земја. Средното образование го завршил во гимназијата „Јахја Кемал“ во Скопје, каде што учествувал на натпревари по математика, хемија и проект-олимпијади.

Највисока награда е Златниот медал за проектот „Биоразградлива биопластика”, изработен со соученикот Стефан Кузмановски на ISWEEEP олимпијада во САД. Во проектот тие изработиле нов вид пластика од природно потекло која се произведува од памук и коноп, биолошки разградлива која се распаѓа во почвата за само една година, без никакво штетно влијание врз околината. Знаејќи дека традиционалната пластика се распаѓа за 100-500 години, оваа биопластика е навистина револуционерно откритие, што беше клучно кај судиите за доделувањето на највисокото признание. На истата олимпијада го освоил и второто место за проектот добивање биодизел од алги.

Преку истражување откривме дека алгите имаат големо количество масти во нивната структура. Прво требаше да се оддели масната структура, потоа таа масна структура преку еден комплициран процес „трансистрификација“ да се конвертира во биодизел. Има доволно количество алги за да може да се задоволат околу 10-15% од потрошувачката на дизел гориво во Македонија годишновели Колев

Своето образование овој млад човек го продолжил на Jacobs University Bremen во Германија на компјутерски науки, а во 2013 година бил дел од тимот што учествувал на NWERC програмерската олимпијада во која учествуваат тимови од најдобрите универзитети во Западна Европа. Работел во различни истражувачки групи на факултет, во KPMG, а во моментов работи во 360Т во електронската платформа за тргување.

Најважното нешто е човек да ја најде и следи својата страст, иако понекогаш тоа не е возможно. Да не се изгубиме во тоа што тие околу нас очекуваат да бидемевели во разговорот Николче Колев

Извор: www.youthnewsroom.net.

Последен пат изменето на Четврток, 28 Јануари 2016 12:35
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…