Сметам дека младите се многу малку информирани за ГМО. Ние како еколошко друштво им стоиме на располагање во врска со информирањето на младите за ГМО, во секое училиште имаме еколошки координатор каде што младите можат слободно да дојдат и да се информираат, исто така можат да се обратат и на телефон и да го контактираат друштвото со цел да дојдат до повеќе информации за ГМОвели Данче Калајџиска од Еколошкото друштво „Виножито“ во Штип
Фактот дека младата популација не е запознаена со тоа што е генетски модифицирана храна го потврдуваат и изјавите на неколку студенти од Штип. Велат дека воопшто не се запознаени со ГМО или дека се заштитуваат од ГМО преку варење на храната што ја купуваат. Сепак, варењето нема никакво дејство врз генетски модифицираната храна.
Секогаш кога приготвувам храна ја варам со цел да ги уништам бактериите и генетски модифицираните организмивели Марија, студентка на Филолошкиот факултет
Претежно консумирам месо и масна храна, не сум запознаен со ГМОни изјави студент на Економскиот факултет
Делумно знам што е ГМО. За ГМО се информирам од интернет, но сепак не внимавам при изборот на храната што ја консумирамвели студентка на Правниот факултет
Често со генетски модифицираните организми или со ваквата храна се врзуваат низа контроверзии, иако оваа проблематика е многу сложена. Официјалната наука нема цврсти докази дека генетски модифицираната храна има различно влијание врз човекот од останатата храна, а најголемите институции за контрола на квалитетот на храната во светот - Американската администрација за храна и лекови и Европската агенција за безбедност за храна дозволиле употреба на низа продукти кои се во класата „генетски модифицирани“.
Извор: www.youthnewsroom.net.