Иако очекувавме одговори од средношколци па нагоре, сепак најмногу одговори во анкетата добивме од студентите. Според анкетата, јасно се гледа дека најголем е интересот за рок музиката, за џез и за блуз, на што нормално Домот на млади ќе одговоривели директорката на Домот на младите, Вишна Шорова-Ангелова
Анкетата за младите била спроведена преку интернет и на неа одговориле најмногу луѓе од Штип. Покрај анкетата наменета за студентите и за средношколците, Домот на млади преку анкета го слушна мислењето и на родителите за најмладата категорија на публика – основците.
Од ова истражување дознавме дека родителите за своите дечиња сакаат едукативни содржини, но и курсеви за глума, балет и ликовна секција. Ние тоа го реализиравме и задоволни сме од интересотвели директорката Ангелова
Анкетата беше извршена на голем број млади луѓе од градот, а во соработка со волонтер од мировниот корпус и волонтери од Домот на млади во Штип.
Извор: www.youthnewsroom.net.